Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПедофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на судот во Битола

Педофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на судот во Битола

67-годишен Битолчанец осуден за силување дете, околу 3 часот наутро се полеал со бензин и се запалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд во Битола. За среќа плинската боца не експлодирала. Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди веднаш била префрленоо на клиниките во Скопје.

Лицето кое било осудено за сексуално злоставување денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не навршило 14 години.