Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛидерската средба неуспешна: денеска ќе се разговара на билатерално ниво

Лидерската средба неуспешна: денеска ќе се разговара на билатерално ниво

И синоќешната лидерска средба заврши без договор. Лидерите на четирите најголеми партии на синоќешната средба со меѓународните олеснувачи договорија преговорите да продолжат во текот на денешниот ден на билатерално ниво.

Белгискиот преговарач Петер Ванхауте најпрво ќе има одделни средби со секоја партија, па потоа ќе има заедничка средба. Вчерашните преговори почнаа под силен странски мониторинг откако пет западни амбасадори на премиерот Груевски, во Владата, како што рекоа му ја пренесоа пораката од ЕУ и САД, дека договор мора да има.

Ако политичките партии не постигнат договор околу отворените прашања, се двоведуваат во прашање парламентарните избори закажани за 24 април следната година. Без спогодба на властите во Скопје им се заканува замрзнување на сметките и ставање на „црната листа“ некои личности.

Сите опции се отворени. Треба да погледнете што им се случи на некои земји во минатото, не само во регионот, туку и пошироко. На пример Белорусија – рече Питер Ванхауте.