Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочна средбата на албанските партии без Беса

Почна средбата на албанските партии без Беса

Во хотелот Александар Палас започна средбата помеѓу албанските парламентарни партии каде што ќе се разговара за имплементацијата на програмските определби од албанската платформа, донесена по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година.

На средбата која ја вчера ја свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, присуствуваат лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, претседател на Унитети, Гзим Острени и Весел Мемеди од Нациолната демократска преродба.

Лидерот на Беса, Билал Касами не е на средбата. Од партијата вчера сооопштија дека тие не добиле официјална појана, но и претходно во неколку наврати нагласуваа дека нема да седнат на иста маса со Ахмети.