Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети на последна средба со Бејли пред формирањето нова влада

Ахмети на последна средба со Бејли пред формирањето нова влада

Али Ахмети ја оствари најверојатно последната средба со амбасадор на САД Џес Бејли пред да се формира новата влада, па затоа вчера лидерот на ДУИ беше во посета на американската амбасада во Скопје. Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале за формирањето на новата влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.

– Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија. информира ДУИ.

Други приоритети на новата Влада, наведува партијата на Ахмети,  остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места. Ахмети изразил уверување дека Македонија нова влада ќе има идната недела.