Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛидерот на Ал Каеда со закана: 11-ти септември ќе се повтори уште 1000 пати

Лидерот на Ал Каеда со закана: 11-ти септември ќе се повтори уште 1000 пати

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири им се закани на САД дека нападите од 11 септември 2001 година ќе се повторат уште илјади пати. Во видео, објавено на џихадистички сајт, а непосредно пред 15-годишнината од крвавите напади во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија, Завахири вели: „11 септември е резултат на вашите злосторства против нас”.

– Ако злосторствата продолжат, 11 септември ќе се повтори илјада пати”, се закани Завахири. Тој ја осуди американската „окупација” на земји во арапски и муслимански држави и поддршката на САД за „криминални и коруптивни влади”. Водачот на Ал Каеда ги повика џихадистите да се обединат и Афроамериканците да го прифатат исламот, за да се „заштитат од американските закони, контролирани од белото мнозинство”.