Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер и Тотенхем со најмногу играчи во Дрим тимот на Премиер

Лестер и Тотенхем со најмногу играчи во Дрим тимот на Премиер

Одговорните лица за доделување на вредните награди во Премиер лигата малку подранија со изборот и решија неколку дена претходно да го обелоденат најдобриот тим на сезоната во најсилната англиска фудбалска лига.

Како што беше за очекување, меѓу идеалните 11 доминираат фудбалери на Лестер и Тотенхем поради нивните сензационални сезони, но сепак според многумина најголемо изенадување е изоставувањето на Месут Озил кој можеби и неправедно не е дел од тимот.

Овој германски репрезентативец забележа 18 асистенции и постигна шест гола во досегашниот дел на тековната сезона, но тоа не се покажа како доволно да се најде во избраното друштво кое го сочинуваат Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед, Дени Роус од Тотенхем,  Тоби Алдервајлд исто од Тотенхем, Вес Морган од Лестер, Ектор Белерин од Арсенал,  Нголо Канте од Лестер, Деле Али од Тотенхем, Димитри Паје од Вест Хем, Ријад Марез од Лестер, Хари Кејн од Тотенхем и Џејми Варди од Лестер.