Капитенот и селекторот најемотивно ја дочекаа победата

Македонија речиси по 30 години напори и чекање за пласман на едно големо фудбалско натпреварување, конечно ќе биде дел од европската фудбалска елита. Грузија е на колена, а нашата репрезентација извојува историска победа од 0-1 и следното лето, јуни/јули, ќе учествува на своето прво Европското првенство.
На радоста на „рисовите“ им немаше крај на „Динамо Арената“, а оваа победа со големи емоции ја доживеаа селекторот Игор Ангеловски, и најдобриот фудбалер во нашите редови, „ ветеранот“ Горан Пандев, кои се и авторите на историскиот успех на нашата нација. По последниот судиски свиреж популарните Мрме и Гоче не можеа да ги сокријат емоциите и заплакаа пред камерите.
Стрелец на историскиот гол за Македонија во Грузија беше капитенот „Гранде Пандев“ , кој на почетокот од второто полувреме ја стресе домашната мрежа и ги постави конечните 0-1.