Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонија испиша историја: пласман на нашата А репрезентација на ЕП

Македонија испиша историја: пласман на нашата А репрезентација на ЕП

Со голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута, фудбалската репрезентација на  Македонија вечерва ја совлада Грузија со 1:0, на гостински терен  и за првпат во историјата обезбеди пласман на Европско првенство.

    
Fußball WM-Qualifikationsspiel Mazedonien gegen Italien (Getty Images/C. Villa)

За првпат во својата историја  Македонија ќе учествува на  едно големо  фудбалско  натпреварување , откако Горан Пандев со единствениот гол на мечот обезбеди победа во финалето на плеј-офот против Грузија.

По последниот свиреж на судијата, македонските репрезентативци ја прославуваа победата на средината на теренот опкружувајќи го 37-годишниот капитен Пандев кој не можеше да ги задржи солзите.
Иако рангирана на 65-то место на светската ранг-листа на ФИФА, С. Македонија успеа да обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи во јуни и јули следната година.
Противници на македонската репрезентација во групата Ц ќе бидат Холандија, Украина и Австрија.

Првите два натпревари, според сегашниот календар доколку не се сменат работите, поради Ковид-19 кризата, македонската репрезентација ќе ги игра со Австрија и Украина, на 13 и 17 јуни во Букурешт, главниот град на Романија, а на 21 јуни во Амстердам со домаќинот Холандија.