Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонија со победа над Косово чекор поблиску до сонот Европско првенство

Македонија со победа над Косово чекор поблиску до сонот Европско првенство

Македонската репрезентација со 2:1 го совлада Косово на стадионот Тоше Проески во Скопје. Тоа им носи дуел со Грузија во финалето на Лигата на нации по што ќе се знае кој ќе биде учесник на следното Европско првенство во фудбал кое ќе се одржи во 2021 година.

Македонските репрезентативци добро го отворија мечот и по шут на Ристовски, косовскиот одбранбен фудбалер Кололи ја одби топката во сопствениот гол.

По еден кикс на голманот Димитриевски и одбраната Хадрѓонај ја искористи шансата и израмни на 1:1.

Второто полувреме донесе многу подобра игра од избраниците на Ангеловски. Напаѓачката игра вроди со плод и по центаршут на Барди, со глава Велковски ефектно го совлада Муриќ.

Македонија можеше да слави со поубедлива разликата, два гола беа поништени поради офсајд, а убави шанси пропуштија Алиоски и Трајковски.