Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаЛеонардо да Винчи има свои потомци – пронајдени се дури 35

Леонардо да Винчи има свои потомци – пронајдени се дури 35

Долго време се сметало дека семејството на славниот уметник и научник Леонардо да Винчи е изумрено. Но, потоа следеле многу изненадувања. Историчарот Алесандро Везоси и неговата колешка Агнеса Сабато, објавиле дека по 43 години потрага за потомците на Леонардо да Винчи успеале да им влезат во трагата на 35 потомци и роднини на славниот уметнички и научнички гениј.

Познато е тоа дека Да Винчи починал во 1519 година на 67 годишна возраст, а зад себе не оставил потомци.

Со векови се сметало дека семејството на славниот уметник изумрело, но екипа на италијански ентузијастички историчари не се предaвале. Со години немале премногу успех во своите истражувања. Наспроти тоа, не се предавале, туку копале по црковните регистри, пописи на населението и разни други документи.

Тие не можеле да се потпрат на ДНК анализи, бидејќи телото на Да Винчи, изворно погребано во капела на светиот Хуберт во дворецот Шато де Амбоаз, исчезнало во еден од граѓанските војни кои следеле, а во истражувањето многу им помогнале жителите и граѓаните на гратчето Винчи од Тоскана.

Леонардо Да Винчи, во 1452 година не е роден таму туку на селски имот, оддалечен на три километри . Неговото полно име и презиме било „Леонардо ди сер Пјеро да Винчи“, што значело „Леонардо, син на Пјеро од Винчи“. Денес гратчето Винчи е светска туристичка атракција, која годишно ја посетуваат околу милион туристи.

Везоси, инаку е директор на музјеот на Да Винчи во ова гратче, па барем од таа страна има имал олеснителна работа во која малкумина верувале. Џовани Калоси, еден од жителите на гратчето кој Везоси и Сабато го идентификувале како роднина на Да Винчи, неодамна дал изјава за „Ла Стампа“.

Калоси изјавил: „Значи мојата мајак Дина била во право. Ни раскажуваше за прастари документи и писма за семејна сопственост која одамна била изгубена или некој ја продал. Она што сме го сметале за легенда која се пренеусва од генерација на генерација, на крај се покажа вистинита“.

И на крај се покажало дека помеѓу 35-те потомци на семејството Да Винчи од времето на ренесансата , се наоѓа и Франко Зефирели, 93-годишен славен филмски и тв-режисер, кој во 1990-тите години беше застапник во горниот дом на италијнскиот парламент.