Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛеден бран ја зафати Словачка, снежна покривка и до 25 сантиметри

Леден бран ја зафати Словачка, снежна покривка и до 25 сантиметри

Северниот дел на Словачка вчера беше зафатен од снежен бран за кој метеоролозите алармираа дека снежната покривка достигнува и до 25 сантиметри.

Снегот предизвика огромни проблеми во сообраќајот, посебно кај возачите чии гуми на автомобилите не се заменети со зимски бидејќи се уште не важи обврската за нивно користење. Освен проблемите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот, посериозни сообраќајни несреќи нема.