Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВо сабота снег на планините

Во сабота снег на планините

Според најавите на метеоролозите, до петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд.

Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот.

Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд.

Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.