Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЛатино треска на 20 јуни- Енрике Иглесијас со концерт во Борис Трајковски

Латино треска на 20 јуни- Енрике Иглесијас со концерт во Борис Трајковски

„Авалон“ продукција ова лето ја најавува латино ѕвездата Енрике Иглесијас со концерт на 20 јуни во салата Борис Трајковски- Скопје.  Енрике важи за пејач од А листата на светски изведувачи, но и супер-ексклузивен, затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8.000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори на кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот. Цените на влезниците за овој концерт ќе бидат адаптирани според македонскиот пазар и сите детали околу нив ќе бидат објавени в петок во 19 часот. Енрике на на македонската публика ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните песни како  „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“…, кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.