Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКукан: Попоски ми потврди дека има уставна опција за Влада и без мандат од Иванов

Кукан: Попоски ми потврди дека има уставна опција за Влада и без мандат од Иванов

Европратеникот Едвар Кукан, кој беше еден од преговарачите во Договорот од Пржино во интервју за емисијата „Европски патокази“ рече дека Министерот за надворешни работи Никола Попоски му рекол дека е уставна можност пратениците да се соберат и да формираат влада, дури и ако претседателот Ѓорге Иванов не го даде мандатот.

„Разговарав со нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ за можностите за формирање на Влада и тие ни кажаа дека има уште една опција да се формира влада без претседателот. Собранието да си заседава и ако некој на таа седница побара, може да се формира влада. Јас разбрав од Никола Попоски дека има две можности и дека ова е исто така една од можностите. Се разбира, далеку посензибилно и многу потешко, но сега слушам дека Заев и албанските партии размислуваат за оваа можност“, рече Кукан.

На ова, новинарот Бобан Нонковиќ рече дека тоа може да создаде војна, многу силна реакција на народот и дека оваа опција граѓаните што се надвор од Собранието нема тоа мирно да го проследат. Европратеникот Кукан повтори дека Попоски му потврдил дека тоа е уставен начин и дека одговорност на сите политички лидери и од владата и од опозицијата, како и на албанските партии да не дозволат било какви судири или лош развој на настаните.