Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКрвав ден во Србија: Силувано и брутално убиено 3-годишно девојче

Крвав ден во Србија: Силувано и брутално убиено 3-годишно девојче

Владица Рајковќ (28) е уапсен откако признал дека вчера навечер во селото Вратарница, кај Заечар, ја грабнал, силувал и свирепо ја убил тригодишната А.С од ова село. Но тоа не е се. Како што неофицијално дознава „RTS“ тој признал дека пред дваесеттина дена убил и четириесетгодишна жена од истото село, чие исчезнување исто така и било пријавено на полицијата.
ubistvo dete srbijaТој несреќното девојче го грабнал од роденден во селото на кое и двајцата присуствувале, а потоа ја силувал и убил. Мајката околу 21.30 часот забележала дека го нема девојчето и пријавила во полиција. Луѓето кои биле на роденден и рекле на полицијата дека се сомневаат во Владица Рајковиќ бидејќи и тој во исто време исчезнал од роденденот.

За еден час полицијата го привела на испитување каде тој признал дека ја силувал и ја убил, а потоа им кажал каде се наоѓа нејзиното тело. Полицијата го нашла распарченото тело на девојчето на околу 600 метри од куќата во која биле на прослава.

Собраните селани за малку не го линчувале осомничениот кого полицијата го извлекла и го засолнила од разјарената маса.