Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична против вработен во МВР за поткуп на сведок

Кривична против вработен во МВР за поткуп на сведок

Основното јавно обвинителство со кое продолжува да процесуира кривични пријави кои се насочени против тимот на Катица Јанева. Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против вработен во МВР, бидејќи вршел влијание врз засега непознато лице, кое требало да даде изјава на специјалното обвинителство.

Во соопштението од обвинителството се посочува дека постои основано сомнение дека осомничениот со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.