Sunday, May 31, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе одлулува дали снимките од „Поткуп“ ќе бидат доказ против Заев

Апелација ќе одлулува дали снимките од „Поткуп“ ќе бидат доказ против Заев

apelacionen sud

Денес апелациониот суд закажа седница на која ќе се дускутира за видео снимката која излезе на „Јутјуб“ за случајот „Поткуп“. Главното прашање за тоа ќе биде дали снимката ќе се користи како доказ против премиерот Зоран Заев.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал. Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.