Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација на неопределено ја одложи одлуката за снимките за „Поткуп“

Апелација на неопределено ја одложи одлуката за снимките за „Поткуп“

Апелацискиот суд ја одложи на неопределено време јавната седница на која требаше да се расправа по жалбите на одбраната во случајот „Поткуп“. Причина за одложувањето на седницата е тоа што судијата известител Африм Фидани кој постапува по овој предмет е избран за судија во Врховниот суд.

Судијата Сафет Кадриу рече дека сѐ уште не е направена прераспределба и поради тие причини јавната седница ќе биде одложена на неопределено време.

На седницата присутни беа адвокатите на Заев, а тој не дојде бидејќи бил на службено патување.

Одбраната бара снимките кои беа објавени на каналот Јутјуб, а кои се дел од доказната постапка за „Поткуп“ второстепениот суд да ги издвои од постапката и да не се користат како доказ.

Судењето за овој случај во основниот суд Скопје 1 е закажано за 25 декември.