Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКристин Лагард останува на чело на ММФ уште пет години

Кристин Лагард останува на чело на ММФ уште пет години

Кристин Лагард доби уште еден мандат во ММФ. Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ја реизбра актуелната директорка на оваа финансиска институција за уште еден петгодишен мандат. Лагард, која во 2011 година беше избрана како прва жена директор на ММФ, беше единствениот кандидат за функцијата.

Таа го водеше Фондот за време на европската должничка криза и периодот на глобалната економска стагнација. Пред да стане директор на ММФ, Лагард, која е експерт по меѓународно право, беше француска министерка за економија и финансии, а за време на финансиската криза во 2008 година беше на чело на Советот на министри за финансии и економија на ЕУ.