Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи

Спасовски: Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи

Денеска завршивме со разговор со работната група на Беса. Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада, изјави Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, по средбата.

– Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со Беса и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство – рече Спасовски.

На прашањето, бараат ли Беса министерско место и какви услови има, Спасовски рече:

– Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме. Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи. За нас како Социјалдемократски сојуз е важно да има принципи на основа на кои ќе биде формирана идната реформска Влада, а не на основа на условување меѓу партнерите, бидејќи тоа не е добар начин на комуникација.

Тој рече дека одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштат во моментот кога ќе ја имаат.

Сасовски рече дека енеска ќе имаат внатрепартиски консултации, така што најверојатно утре продолжуваат со преговори со, како што рече, сите партии од идната владина коалиција.