Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО утре закажа прес, уште десетина дена до крајот на нивниот мандат

СЈО утре закажа прес, уште десетина дена до крајот на нивниот мандат

Специјалното јавно обвинителство официјално објави дека утре во 12 часот ќе одржи прес конференција, но засега нема други детали за што точно ќе биде темата на која ќе и се обратат на јавноста. СЈО има уште десетина дена мандат во кој може да покрене истраги и обвиненија, а потоа ќе може да ги води само веќе започнатите судски случаи. Затоа се очекува од СЈО да откри детали за тоа дали планира да покрене нови обвиненија бидејќи води шеесетина предистражни и истражни постапки.