Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКражба во Шуто Оризари, украдена стока во вредност од 2,4 милиони денари

Кражба во Шуто Оризари, украдена стока во вредност од 2,4 милиони денари

Златен накит и пари во вредност од 2,4 милиони евра се украдени од улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари, соопштува МВР.

Според информациите, кражбата се случила вчера или завчера, во неутврден временски период во куќата на Ш. С. (54). Крадецот успеал да влезе во куќата преку еден од прозорите, украл 22.000 евра и неколку парчиња златен накит и избегал. Полицијата работи на расчистување на случајот.