Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКрај за увозот на стари возила кои загадуваат

Крај за увозот на стари возила кои загадуваат

Денес завршува можноста за увоз на постар автомобил кој не го исполнува најмалку Евро 4 стандардот за емисија на штетни гасови. Тоа значи дека ќе може да се купуваат автомобили со старост од околу најмногу 10 години.

Претходно социјалната и економската мерка на Владата за увоз на постари автомобили го исполни очекуваното и откако се обнови возниот парк на населението сега повеќе ќе се мисли и на екологијата. Инаку оправдувањето беше дека тие што возат фичовци, југовци и стокецови подобро да купат постаро возило бидејќи и онака многу загадуваат со престарите автомобили, а не се ниту доволно безбедни.