Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДали во Македонија се увезува неквалитетни мазут и нафта?

Дали во Македонија се увезува неквалитетни мазут и нафта?

До државниот пазарен инспекторат е пристигната претставка дека се врши увоз на мазут од Србија којшто е неквалитетен и не ги исполнува пазарните стандарди наложени според важечкиот правилник за квалитет на течните горива.

Власти сè уште не се огласија и не преземаа ништо по откритието дека домашни фирми увезувале неквалитетна нафта од Албанија, која завршила на македонскиот пазар, а денеска со нови наоди, дека во Македонија се увезува неквалитетен мазут од Србија.

Ова отвора многу прашања за влезот на неквалитетен мазут во Македонија – зошто се дозволило неквалитетниот мазут да се користи во земјава? Безбедносни и еколошки последици се резултатот од користењето на мазут со несоодветен состав и низок квалитет.

Во спецификација направена од контролното тело, ова гориво отстапува односно ја надминува дозволена максимална вредност на кинетички вискозитет на 100 степени Целзиусови, чија максимална гранична вредност треба да биде 28 mm2/s. Оваа вредност во увезеното гориво е 32,81mm2/s, далеку повисока од пропишаната.

Можни последици од користењето гориво со несоодветен состав и низок квалитет се по екологијата и безбедноста, како и можни штети врз опремата каде што се користи и штети врз целосниот производен процес. Дополнително, неговата употреба може да предизвика и еколошки импликации, односно согорувањето може да доведе до загадување на воздухот. Со оглед на строгите стандарди што течните горива мора да ги исполнуваат, еколошките импликации се највисоко на листата на стандарди што треба да се почитуваат.

Подеднаква штета, спорното гориво предизвикува и на пазарот односно другите увозници создавајќи нелојална конкуренција, нарушувајќи го пазарот и предизвикувајќи сериозни финансиски штети врз работата на другите субјекти.

Ова гориво со штетни последици и низок квалитет ги премина царинските служби и покрај спорниот состав.

mazut dokument

Извор: faktor.mk