Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоцијанчиќ: Поканата за Македонија е условена со договорот од Пржино и итните реформи

Коцијанчиќ: Поканата за Македонија е условена со договорот од Пржино и итните реформи

Портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел потврди дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата.

– Како што знаете, ние не коментираме коментари и јас нема да коментирам туѓи коментари. Но, вие сте свесни какви се правилата и препораките на Комисијата за отворање на преговорите со вашата земја, условена со имплементацијата, односно имплементирањето на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети во земјата. Отворањето на пристапните преговори, кога овие услови ќе бидат исполнети е одлука што ќе ја донесе Советот – одговори Коцијанчич.