Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКошаркарите во дуел со Венецуела

Кошаркарите во дуел со Венецуела

Македонските кошаркарски репрезентативци денеска играат уште еден контролен натпревар, овој пат против репрезентацијата на Венецуела.

Избраниците на селекторот Марјан Србиновски досегашните три контролни мечеви ги поминаа со исто толку победи, па така истиот позитивен резултат се очекува и денес.

Натпреварот се одигрува од 17 часот во Гевгелија, а серијата на контролни натпревари до почетокот на Евробаскетот продолжува со уште неколку репрезентации сѐ до 29-ти август, кога Македонија ќе се соочи со тимот на Латвија.