Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКонфликти на антивладин протест во Боливија, шест повредени

Конфликти на антивладин протест во Боливија, шест повредени

Вработените во текстилната индустрија во Боливија организирале дводневен штрајк против владата на претседателот Евo Моралес. За време на овие протести дошло до конфликти во кој демонстрантите се судриле со полицијата и во тој судир шест лица биле повредени.

Конфликтот на синдикатите и Моралес се интензивирал после затворањето на најголемата текстилна компанија во таа земја. На сметка на шефот на државата била упатена критика дека води неолиберална економска политика во една од најсиромашните земји на Латинска Америка.