Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКолку се заработува во развиените држави?

Колку се заработува во развиените држави?

Просечната плата на светско ниво изнесува 1.480 долари месечно. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) ги објави резултатите од најновото истражување кое што ги проучуваше просечните плати во земјите со развиена економија.

На листата први се САД, платата на просечниот Американец изнесува околу 56.000 долари годишно (околу 4.500 долари месечно). На второ место е Луксембург каде просечните примања се незначително помали отколку во Америка. Над 50.000 долари годишно заработуваат и Швајцарците, Австралијанците и Норвежаните.

Иако ЕУ донесе некои предности на жителите од земјите во Источна Европа, на дното на табелата се Словачка и Чешка кои се веднаш над Естонија, каде просечната плата е под 19.000 долари годишно (околу 1.550 долари месечно). Иако се лошо пласирани, сепак Чесите и Словаците имаат поголеми примања од светската просечна плата која изнесува 17.760 долари (околу 1.480 долари месечно).

Еве ги просечните годишни плати (во долари) во развиените земји:
САД: 56.340
Луксембург: 56.021
Швајцарија: 54.236
Австралија: 50.449
Норвешка: 50.282
Ирска: 49.506
Данска: 48.347
Белгија: 48.082
Холандија: 47.530
Канада: 46.911
Австрија: 45.199
Германија: 43.682