Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Којот“ на МВР фати криумчари на мигранти

„Којот“ на МВР фати криумчари на мигранти

МВР спроведува голема полициска акција со кодно име „Којот“ во која се апсат криумчари на мигранти претежно од Велес, но и од други места низ Македонија, соопштува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

ОЈО раководи со предистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал од утринава спроведува голема оперативна акција под називот „Којот”.

migranti...

Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти, криумчарење мигранти, разбојништво, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.