Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКој ќе го „реши“ судството?

Кој ќе го „реши“ судството?

СДСМ останува на ставот дека штом ја формира новата влада ќе пристапи кон реизбор на сите судии што нема да значи и нивна целосна смена, туку сите професионалци ќе имаат шанси повторно да дојдат до мандат како судии.

На оваа идеја жестоко се спротистави ВМРО-ДПМНЕ па Горан Манојлоски на прес конференциј посочи дека оваа идеја е против сите домашни и меѓународни законски норми и ќе послужи само за спас на Зоран Заев од кривчен прогон.

– Заплашувањата на Заев и неговата ергела платени експерти врз судиите и вработените во јавната и државната администрација се само уште еден обид да се врати државата во мрачните 90-те години, порача Горан Манојлоски.

СДСМ потоа возврати со одговор дека очекуваат чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото.

– Нервозата на Никола Груевски и неговите соработници од крајот за сваровски судството нема да ги спречи промените што носат правда за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.