Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп пронајде засилување во Барселона?

Клоп пронајде засилување во Барселона?

Германецот има проблем во дефанзивата, па овој играч би можел да биде решение и тоа за повеќе позиции во тимот. Коло Туре и Шкртел го напуштија клубот, а поради повреди Клоп остана само на двајца централни дефанзивци, Ловрен и Матип. Сако нема да се опорави до крајот на август, проблеми има и Џо Гомез, па јасно е дека тренерот на Ливерпул мора да бара решение на трансфер пазарот.

322549_640

Ливерпул го посакува Жереми Матје, искусниот дефанзивец на Барселона. После доаѓањето Умтити во Барселона, Матје не е во плановите на Луис Енрик, наводно има и понуда од Фенербахче, но секако дека повеќе би сакал да замине во Ливерпул. Овој искусен фудбалер кој во Барселона пристигна од Валенсија може да игра и на позицијата лев бек, што исто така би било од голема помош на Клоп.