Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеКинезите направија дрон со кој може да се лета

Кинезите направија дрон со кој може да се лета

Кинескиот стартап Ehang го креираше првиот квадкоптер дрон кој е доволно голем да пренесува еден патник со тоа што тој ќе нема можност да го управува леталото директно. Дронот Ehang 184 ќе се управува од далечина од еден контролен центар, а компанијата порачува дека е многу побезбеден од хеликоптер бидејќи може да откажат дури три пропелери, а леталото ќе продолжи да се одржува во воздух со само еден пропелер.
ehang 184 china drone2
Досега со Ehang 184 се извршени околу 100 пробни летови во Кина, од кои во неколку имало и човечки патници. Ehang 184 може да достигне брзина од 100 километри на час, има мал простор за багаж, во централната кабина е поставен таблет за внесување на команди за полетување, а би требало да чини околу 300 илјади долари.

Извор: telefoni.mk