Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинези нови сопственици на најголемото пристаниште во Грција

Кинези нови сопственици на најголемото пристаниште во Грција

Атина се согласи да потпише договор за продажба на своето најголемо пристаниште Пиреја на кинеската компанија „Коско груп“, за износ од 368,5 милиони евра. Претседателот на Одборот на директори на кинеската компанија „Коско груп“, Кју Лиронг и грчкиот премиер Алексис Ципрас, заедно со директорот на Агенцијата за приватизација Стергиос Пициорлас, во Атина го потпишаа договорот за продажбата на најголемото грчко пристаниште. Според договорот, „Коско“ ќе добие удел од 51 отсто во пристаништето Пиреја, за 280,5 милиони евра.

Планот е во наредните пет години Кинезите да откупат уште 16 отсто за околу 88 милиони евра, откако ќе ги направат задолжителните инвестиции. „Коско груп“ во пристаништето ќе инвестира над 350 милиони евра во наредните пет години и ќе и’ плаќа годишни давачки на Грција за водење на пристаништето.