Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинески пожарникар пронајден жив по 32 часа

Кинески пожарникар пронајден жив по 32 часа

Спасувачките екипи успеале да извлечат преживеан пожарникар од зградата во Тианџин која претрпе страшна експлозија. Пожарникарот е пронајден со тешки повреди, но е во стабилна состојба по неверојатни 32 часа поминати во урнатините.

tianjin eksplozija

Експлозијата имаше ефект на 21 тони на ТНТ експлозив и одзеде 56 животи, повредени беа 720 лица, а неколку пожарникари кои први реагираа се уште се водат како исчезнати.

tianjin-blast

Екипите на противпожарните бригади се уште се бореа со помали пожари бидејќи зградата е во индустриска област полна со хемикалии и последиците може да бидат многу пострашни.