Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинески функционер го уништил свечениот дочек на Обама

Кинески функционер го уништил свечениот дочек на Обама

Свечениот дочек на американскиот претседател Обама во Кина, кој во таа земја допатувал поради самитот на групата 20 во Хангџоу, денес го уништил дека кинески функционер кој се обидел да ги натера новинарите, па дури и некои функционери од Белата куќа, да се тргнат подалеку од претседателот.

Додека Обама по излегувањето од авионот на црвениот тепих се ракувал со групата од највисоки функционери, еден функционер ги повикал американските новинари да се повлечат, пренесува агенцијата АП.

obama

Во таа гужва во еден момент се нашла и советничката на американскиот претседател за безбедност Сузан Рајс и нејзиниот заменик Бен Роудс, кои кинескиот функционер исто така се обидел да ги оддалечи од Обама.

Obama 2

Кога еден функционер на Белата куќа му се обратил на тој човек и му рекол дека на новинарите им е дозволено да го снимаат пристигнувањето на Обама, тој извикал: „Ова е наша земја! Ова е наш аеродром!“.

proverka na pista