Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп со реформи на регулативите на Обама за климатски промени

Трамп со реформи на регулативите на Обама за климатски промени

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп денеска ќе потпише извршни наредби со кои би се поништиле регулативите за животна средина од времето на Барак Обама.

Според виш претставник на администрацијата, преку наредбата, Агенцијата за заштита на животната средина, ќе треба темелно да ги ревидира регулативите во Планот за чиста енергија.

Трамп на неколкупати ја критикуваше политиката на поранешниот претседател на САД за климатски промени.

За време на кампањата, иницијативите на Обама, Трамп ги нарече „глупави“, во голем дел заради регулативите коишто, како што кажа, „убиваат работни места“.

Виш претставник на Белата куќа верува дека Трамп ќе може да го балансира остварувањето на целите – заштита на животната средина и промоција на енергетското производство во САД.

Во новиот предлог-буџет за 2018-та, се предвидува скратување на фондовите на Агенцијата за заштита на животна средина за 31 процент, како и речиси целосно елиминирање на фондовите за истражување на климатските промени.