Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп го обвини Обама за хемискиот напад во Сирија

Трамп го обвини Обама за хемискиот напад во Сирија

Трамп ја призна вината на САД, но ја префрла претходното раководство. Белата куќа објави соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп во кое се вели дека нападот со хемиско оружје кој се случи завчера во Сирија е последица „на слабоста и нерешителноста на претходната администрација“, пренесуваат агенциите.

„Претседателот Обама во 2012 година кажа дека ќе постави „црвена линија“ против употребата на хемиското оружје и ништо не направи“, се вели во соопштението.

Државниот секретар за медиуми Шон Спајсер исто така истакна дека смета дека за нападот за кој САД го обвинуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад не би бил возможен без администрацијата на Обама, пренесува Индипендент.

„Ова одвратно злосторство на режимот на Асад е последица на слабоста и нерешителноста на администрацијата на претходниот претседател“, кажа тој.

Спајсер одби да каже што ќе направи Трамп околу нападот во Сирија, но изјави дека претседателот разговарал со својот тим за национална безбедност за овој проблем.