Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКим Јонг Ун се закани: Ќе убијам повеќе Американци од Осама Бин Ладен

Ким Јонг Ун се закани: Ќе убијам повеќе Американци од Осама Бин Ладен

Очигледно Северна Кореја почна да претставува вистинска опасност за САД. Севернокорејскиот комунистички лидер Ким Јонг Ун ужива кога ги провоцира Американците. Неговата најнова закана гласи – ќе убијам повеќе Американци од Осама Бин Ладен во 2001-ва година.

„Нашето оружје е насочено кон Белата куќа, Пентагон и другите витални и стратешки локации во Соединетите Американски Држави“, ја пренесоа севернокорејските медиуми изјавата на нивниот лидер Ким.

„Ако нападот со три цивилни авиони предизвика смрт на 3.000 луѓе и животот во САД го претвори во кошмар, тогаш нашиот удар ќе ја избрише Америка од историската сцена, а Американците нема да имаат време ниту да жалат, ниту пак да имаат кошмари од тоа“, истакнал лидерот на Северна Кореја.

Режимот од Пјонгјанг често знае да упати отворена закана до Американците, а неодамна се закани и на Кина, единствената држава која што може да се каже дека е сојузник на Северна Кореја. „Поразот нанесен со само три цивилни авиони го посрамоти САД пред лицето на целиот свет, а Америка претрпе непроценлива психолошка и економска штета“, порачал Ким Јонг Ун.

33-годишниот лидер на Северна Кореја неодамна се закани и со „нуклеарна олуја“ насочена кон непријателските држави, откако во Обединетите нации беше одлучено на Северно корејците да им бидат воведени нови санкции.