Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКерим меѓу првите четворица во трката за Генерален секретар на ООН

Керим меѓу првите четворица во трката за Генерален секретар на ООН

Македонскиот кандидат за функцијата Генерален секретар на ООН стигна до петтиот круг. Срѓан Керим по завршениот четврти круг гласаање е меѓу првите четворица, соопштуваат од неговиот кабинет.

Меѓу првите четворица, од вкупно 10 кандидати, се пласираа португалецот Антонио Гутјереш, словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, српскиот кандидат Вук Јеремич и Срѓан Керим. Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември 2016 година.