Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Утрински“ во сабота ќе го издаде својот последен весник

„Утрински“ во сабота ќе го издаде својот последен весник

По речиси две децении работа, во сабота својот последен број ќе го издаде весникот „Утрински весник“. Тој е еден од весниците кој го издава МПМ, чии новинари штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со сопственикот Срѓан Керим, но неговата врата остана затворена за новинарите. Љубиша Станковиќ, претседателот на синдикатот на весникот, на својот фејсбук ја објави веста за згаснување на „Утрински“.

„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне УТРИНСКИ ВЕСНИК”. Треба да се запамети името на оној кој ќе го погребе весникот!“ – напиша Станковиќ на Фејсбук.