Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКелвин Харис повреден во сообраќајна несреќа

Келвин Харис повреден во сообраќајна несреќа

Познатиот ди-џеј Келвин Харис е полесно повреден во сообраќајна несреќа кога неговиот пик-ап удрил во друго возило. Шкотскиот музичар и еден од најуспешните ди-џеи претрпел полесна повреда во оваа несреќа, но сепак со колата на брзата помош бил префрлен во болница. Набргу бил пуштен од болница. Харис е еден од најуспешните музичари на денешницата, а „Форбс“ го процени неговиот годишен приход на 66 милиони долари.