Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКасами: Хан бара да гледаме повеќе кон иднината на државата а не за личниот интерес

Касами: Хан бара да гледаме повеќе кон иднината на државата а не за личниот интерес

Комесарот Хан и тројцата европратеници даваат поддршка за излез од кризата и бараат да гледаме повеќе кон иднината на државата отколку за личниот интерес, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по средбата со бриселските дипломати.

– Денеска имавме уште една посета на еврокомесарот Јоханес Хан која ѝ е неопходна на Македонија во ситуацијата во која се наоѓаме. Членовите на делегацијата ја даваат поддршката за да излеземе од кризата. Во овој правец работи и Беса, не гледајќи на личниот интерес затоа што сè уште има сили во Македонија кои сакаат да нѐ втурнат во интеретничка криза, што е многу лошо за земјата – рече Касами.

Според него, Хан дал поддршка на опцијата за формирање влада, за што има 67 пратеници и како што рече, нема никаква тиранска платформа туку декларација.

Касами додаде дека на средбата со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, Беса најавила дека ќе даде предлог за претседател.