Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКарфур ќе се спаси од банкрот, но уште должи во Македонија

Карфур ќе се спаси од банкрот, но уште должи во Македонија

Грчката компанија Маринопулос која стоеше зад хипер-маркет франшизата Карфур најверојатно ќе се спаси од банкрот откако во последен момент ќе добие помош од конкурентната на Склавентис за започнување на реконструкција, открива еМагазин.

Претходно постоеа сомнежи дека Склавентис ќе им пружи финансиска помош со која ќе се обезбеди дополнителен период за спас и враќање на бизнисот, но одлуката иако ризична сепак е донесена и банките ќе ја земат во предвид со цел да се најдат начини за враќање на долгот од 1.3 милијарди евра кон добавувачите, државата и банките.

Инаку Маринопулос има долг од десетина милиони долари во Македонија кон 70 фирми добавувачи кои воопшто не ги наплатиле своите побарувања и жестоко реагираа до државните институции за да не останат со празни раце, но случајот нема конкретна разрешница.

Можеби смената во Маринопулос е надеж дека долговите ќе им бидат вратени. Маркетите на Карфур имаат околу 12.500 вработени, а индиректно се поврзани голем број на добавувачи од прехрамбената индустрија, па пазарен неуспех никој не посакува.