Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСКако не треба да се справувате со раскинување на врската?!

Како не треба да се справувате со раскинување на врската?!

Раскинувањето на љубовна врска навистина може да биде болно искуство со кое не можете да се

cправите лесно. За многу девојки и момчиња потребно е многу време за да продолжат понатаму

и да  се бидат среќни. Неправилните начини на справување со таа состојба можат само да ја влошат ситуацијата. Еве неколку од нив:

Одмазда – Мотото ,,Ќе му вратам со иста мера” никогаш не е вистинско решение. Фрлањето на неговите или нејзините работи низ прозор сигурно нема да ви биде од помош. Одмаздата е ,,отров” со кој сами можете да се уништите.

Опсесивност-Постојаното размислување за минатото, грешките и добрите постапки нема да ви помогнат. Постојаното разгледување на неговиот/нејзиниот facebook профил може да предизвика состојба која може негативно да влијае на вашата психа.

RASKID 3

Потрага по замена по секоја цена. – Влегувањето во нова врска поради потребата да ја преболите старата може да создаде фрустрации кои само ќе ви одмогнат. Нова врска,  доколку сеуште имате чувства за бившиот партнер само ќе ви создаде дополнителен очај. Така би се повредиле и себе. Можно е и да почнете да се сомневате во своите морални вредности

Самодеструкција. Негативните емоции, чувството на осаменост и тагата која ја чувствувате може да се сврти против вас. Многу девојки и момчиња, посебно во тинејџерските години по раскинување на врската стануваат склони кон пороци. Тоа би било создавање на уште еден проблем, многу поголем од самиот чин на раскинување врска.

RASKID 1

Губење на самодовербата. – ,,Toj ме остави, не сум доволно добра, не сум доволно убава”-се чести мислења кои се создаваат кај девојки кои сеуште не се оформени како личности. Не правете си го тоа себе.  Посветете се на сопствениот изглед, направете некоја промена во имиџот што ќе направи да се чувствувате убаво.