Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимПриродни методи за третирање на изгореници од сонце

Природни методи за третирање на изгореници од сонце

Иако мислиме дека маслото со УВ фактор ќе не заштити од изгорениците, сепак понекогаш се случува да сме изложени на најтоплото време и да ни се случи токму тоа. Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме. Доколку тоа се случи, можете да искористите неколку природни методи.

Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно во период од 15-20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа.

Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне.

Маслото од растението Алое, исто така го намалува црвенилото и болката од изгореницата. Пресечете некои од подебелите листови на растението и течноста се нанесувајте ја пет до шест пати дневно.