Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометФилип Талески во врска со ракометарката Матеја

Филип Талески во врска со ракометарката Матеја

Младите и надежни ракометари, Филип Талески и Матеја Серафимовска носат љубов од ракометните терени. Двајцата имаат по дваесет години, членови се на „ сино-белото“ семејство од Автокоманда и се дел од репрезентациите на Македонија во машка односно женска конкуренција, пренесува порталот 24 Ракомет.

Да ја запознаеме јавноста со вашата приказна. Како и каде се запознавте со Матеја?

Филип : „ Поради тоа што и двајцата сме ракометари логично е да се запознаеме на ракометните терени. Нашата приказна започна на Медитеранските игри во Мерсин во 2013 година каде што настапувавме со нашите репрезентации“.

Бидејќи и двајцата сте ракометари дали си давате совети во врска со игрите на терен и општо во кариерата?

Матеја: – „ Се разбира дека си помагаме и си даваме совети еден на друг. Покрај моето семејство, Филип е мојата најголема поддршка, а исто и јас нему. Критиките кои ги добивам од него се најдобронамерни. Јас ги прифаќам и нормално се трудам да се корегирам.

filipmateaphotoset-13

Извор: http://24rakomet.mk/?p=33140