Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКако настанал сладоледот на стапче?

Како настанал сладоледот на стапче?

Интересна приказна се крие зад настанувањето на најубавата летна закуска, сладоледот, и тоа на стапче – настанат среде зима и тоа од само 11-годишно момче.

Френк Еперсон си играл со вода, ароматизиран прав и дрвено стапче за мешање. Кога престанал со играњето, преку целата зимска ноќ, смесата останала надвор. Следното утро кога 11-годишникот се разбудил, ја пронашол смрзнатата течност прицврстена на стапчето, налик на сладоледот што го познаваме денес.

Производот бил послужен дури седумнаесет години подоцна во 1922 година на една приватна забава, а на јавноста презентиран една година подоцна. Луѓето биле воодушевени од изгледот и вкусот а идејата на Еперсон постигнала голем успех до толку што веќе следната година, во 1924-тата, Марк решил да го патентира изумот и да започне со производство на различни видови на сладоледи на стапче.

1925-тата е годината кога Еперсон го продава својот патентиран изум на компанијата „Јо Lou“ од Њујорк, а сладоледот на стапче добива планетарна популарност.