Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКако може да се променат името и презимето во Македонија?

Како може да се променат името и презимето во Македонија?

Дали некогаш сте помислиле дека името не ви се допаѓа или пак за некој друг со смешно име сте помислиле „кога јас би се викал така, веднаш би си го променил името“? Во Македонија има вакви примери, а очигледно менувањето на името веќе не се случува само на западот. Законски, дозволено ви е да си го промените името или презимето, освен ако не сте кривично гонети.

Името на малолетно лице може да се промени на барање од родителите или посвоителите, односно старателот. Ако детето има повеќе од 10 години, потребна е и негова согласност.

Процедурата е следна. Барањето за промена на личното име со потребната документација се поднесува до МВР, а решението за промена на личното име се донесува во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Доколку МВР не го донесе решението во овој рок, лицето има право во рок од три дена да поднесе барање до писарницата на Министерот за внатрешни работи, кој во рок од пет работни дена е должен да донесе решение за уважување или одбивање на барањето.

Конечното решение за промена на личното име се доставува на органи и организации кои со закон се должни да водат евиденција со податоци за личното име на граѓанинот.
licni-karti-587x360Право на промена на лично име нема лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата. Ова важи и за лице кое не ги регулирало имотно-правните и други законски обврски од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во Македонија.

Затоа, ако не ви се допаѓа името подобро да го промените отколку да се претставувате лажно. Бидејќи во законот е наведено дека на лице кое не се служи со личното име што му е запишано во матичната книга на родените, ќе му биде изречена прекршочна казна во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност.