Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонКако да не се доволно кршливи – Apple ќе прави iPhone од стакло

Како да не се доволно кршливи – Apple ќе прави iPhone од стакло

Револуцијата во дизајнот која ја донесе Apple на пазарот не запира тука. Компанијата најaвува нов проект за наредната година со најнов дизајн во историјата на смартфоните.

Имено, еден од аналитичарите на мобилниот гигант, Минг Чи Куо тврди дека копманијата во 2017 година целосно ќе откаже од металните куќишта на смартфоните и истите ќе ги замени со стаклени. Аpple веќе користеше стакло на предните и задните делови на iPhone 4 и iPhone4 s, но тие беа поставени во рамка од челик која не кородира. Се уште не е познато како новата идеја ќе дојде до реализација, но новиот модел исто така ќе поседува и АМОЛЕД екрани, кои се потенки и нудат подобар квалитет на сликата, затоа што се темелат на технологија на течни кристали.