Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦКако да го продолжите ,,животниот век" на вашиот лап-топ?

Како да го продолжите ,,животниот век" на вашиот лап-топ?

Летните горештини, како и нередовното сервисирање на вашиот лап-топ можат сериозно да ги успорат неговите перформанси, или да доведат до поголеми проблеми. За да се ослободите од овој проблем повторете ги овие едноставни чекори.

Лаптопот чувајте го и користете го во изладени и проветрени простории.

Избегнувајте да оставате топли напитоци или пак да консумирате цигари во близина на вашата машина.

За крај, рутински исчистете ја прашината која се таложи во пределот на процесорот. За да го направите ова едноставно потребно ви е цевка, леплива трака и леб (да ја абсорбира плунката се со цел да не навлезе во машината). Во видеото погледнете го овој метод практично.